Авиокомпанијата „Туркиш ерланс“ денеска соопшти дека се откажани 196 домашни и меѓународни летови за и од Истанбул поради настанатата ситуација по обидот за пуч.
Откажувањето на летовите важи денеска и в понеделник.
По вчерашното воспоставување на летовите, дојде до згуснување на авионскиот сообраќај на аеродромот Ататурк.
Во меѓувреме, американската Федерална администрација на авијацијата ги прекина сите летови на американските компании за и од аеродромите во Истанбул и во Анкара.