Турците во балканските земји се жалат на проблеми во изучување на турскиот јазик

Од:

Турците во што живеат во балканските држави се соочуваат со проблеми при изучување на турскиот јазик, тврди потседателот на организацијата на припадниците на турската заедница на Балканот, Изет Алтунташ.

Како што објави сајтот Хаберлер, говорејќи на прес-конференција во Анкара, Алтунташ нагласи дека Косово, Македонија, Грција и Бугарија „се врши огромен притисок при изучувањето на турскиот јазик“.

– Турците на Балканот денес ги преживуваат најголемите тешкотии во историјата, било од економска, било од политичка гледна точка. Затоа таму изучувањето на турскиот јазик е на пат речиси да замре, изјави втриот човек на Конфедерацијата на балканските румелиски иселеници.

Алтунташ посочи дека Конфедерацијата интензивно продолжува со своите напори оваа своја загриженост да им ја пренесе на граѓанските организации во посочените земји и на Владата во Турција.

– Сметам дека заради немање сведоштва турските политичари не можат да го покажат нужното внимание за ова прашање, изјави тој.

– Ако ние не ги поддржиме нашите луѓе таму и иднината на Турција е во голема опасност, изјави Алтунташ.

Конфедерацијата на балкански румелиски иселеници обединува 11 федерации и 185 друштва и има свои претставништва во 36 турски окрузи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ