Турците се интересираат најмногу за религија

Од:

Турците се интересираат најмногу за религија, а прашањата поврзани со политика, синдикати и мода, не претставуваат интерес за нив, покажуваат податоците од најновото истражување.

Според анкетата, извршена од Турскиот статистички институт, 65 отсто од младите Турци (на возраст меѓу 15 и 24 години) се интересираат за религија, додека едвај 15 отсто покажуваат интерес од политички прашања.

Според истражувањето, наречено „Интересите на турското општество“, граѓаните на возраст меѓу 25 и 64 години исто така се интересираат повеќе од религија (64 отсто), а политиката претставува интерес само за 18 отсто од анкетираните.

Прашањата, поврзани со синдикални активности, исто така не ги интересираат младите Турци – 72 отсто од нив. Четириесет и шест отсто посочиле исто така дека не ги интересира модата.

Резултатите од анкетата, меѓутоа, покажуваат дека турските граѓани се интересираат многу од прашањата поврзани со здравството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски