Турција загрижена поради џихадистите

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика европските држави да ги спречат џихадистите да патуваат во Турција, за да им се приклучат на радикалните групи во Сирија, пренесе „Асошиејтед прес“.

Обраќајќи им се на амбасадорите на државите членки на ЕУ, тој побара од државите да соработуваат со Анкара и да ги разменуваат податоците за луѓето, кои можеби веќе пристигнале во Турција.

Според неговите зборови Турција забранила влез за околу 5.300 лица, за кои постои сомневање дека се џихадисти, а најмалку 824 лица се депортирани од државата.

Ердоган смета дека тие борци со самото доаѓање во Турција претставуваат опасност, а ќе бидат закана за безбедноста на европските држави и по заминувањето.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ