Турција во август убила 350 курдски бунтовници

Од:

Турските сили за безбедност во минатиот месец убиле 350 борци на Курдската работничка партија (ПКК) во операцијата за ликвидирање на сепаратисти во округот Хакјари, во југоисточна Турција, на границата со Ирак, соопшти весникот „Сабах“.

Во операцијата на силите за безбедност се вклучени 2.000 војници, кои успеале да ги блокираат патиштата за бегство на терористите од планината Гоман, каде што се кријат. Во акцијата на војската учествуваат и борбени хеликоптери.

Судирите меѓу армијата и ПКК се зголемија во последните месеци. Турција ги обвинува Сирија и Иран дека ги поддржуваат курдските сепаратисти. Во југоисточна Турција се активни бунтовниците од ПКК, кои од 1984 година се борат за автономија во југоисточниот дел на земјата, населен главно со Курди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски