Турција „виновна“, отштета за „Џумхуријет“

Од:

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда со која ја обвини Турција дека го прекршила правото на слобода на изразување кога забранила весникот „Џумхуријет“, да го објави интервјуто на сегашниот турски претседател Абдулах Гул, кое 1995 година било на една од станиците на „Гардијан“.

Во април 2007 година, во екот на жестоките дебати за исламските вредности во весникот беше објавен цитат од интервјуто, како основа за статијата „Турските исламисти тежнеат кон власта“, пренесе „Франс прес“.

-Ова е крај на република Турција, ние дефинитивно сакаме да го смениме секуларниот систем, се дел од зборовите на Гул кои што весникот „Џумхуријет“ ги објави, за да потоа добие тужба за клевета.

Во мај 2007 година турските судови одобрија забрана за понатамшно објавување на цитатот, кој што му се припишува на сегашниот претседател.

Меѓутоа, издавачот, сопственикот и двајца новинари на „Џумхуријет, поднеле жалба за забраната, бидејќи со неа се прекршуваат нивните права.

Во пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур се наведува дека забраната за објавување не била оправдана, па поради тоа и налага на Турција да исплати одштета од 2.500 евра на секој од оштетените, како и 5.100 евра на сите нив како надомест за трошоците на постапката.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ