Турција треба да плати над 12.000 евра отштета поради ограичување на слободата на изразување

Од:

Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека турските власти треба да им исплатат над 12.000 евра на новинари и на сопствениците на весникот „Џумхуриет“, поради кршење на слободата на изразување.


Во април 2007 година, во пресрет на претседателските избори во Турција, двајца новинари од весникот објавија статија „Турските исламисти имаат за цел да ја преземат власта“. Во анализата бил вклучен цитат од интервју, што во 1995 година за „Гардијан“ го дал сегашниот претседател Абдула Ѓул. – Тоа е крајот на Турската република – сакаме да го промениме системот, изјавил Ѓул за британскиот весник.


По објавувањето на статијата во весникот „Џумхуриет“ турски Суд го забрани објавување на изјавата и не дозволи да биде објавена каква и да било информација поврзана со судскиот процес.  Забраната е укината во пролетта 2008 година.


Европскиот суд за човекови права призна денеска дека ограничувањето на слободата на изразувањето на новинарите не е во согласност со одредбите и целите на демократското општество.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ