Турција: Суд забрани пристап до страници што објавија делови од „Шарли ебдо“

Од:

Суд во турскиот град Дијарбекир денеска го забрани пристапот до страниците, кои објавија карикатура од првата страница на новиот број на францускиот магазин „Шарли ебдо“, јави турската телевизија „НТВ“.

На првата страница на новиот број на „Шарли ебдо“, прв по крвавиот напад во редакцијата во Париз минатата недела, е прикажан пророкот Мухамед, облечен во бело и како држи слоган „Јас сум Шарли“.

Турскиот весник „Џумхуријет“ објави четири страници од денешниот број на „Шарли ебдо“, преведени на турски јазик. Во турскиот весник не биле објавени карикатури со религиозна содржина.

Весникот, првично планирал целосно да ја објави првата страница на францускиот неделник, но главниот уредник се откажал од намерата. Поради безбедносни причини околу канцелариите на весникот беа распоредени голем број полицајци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ