Турските власти се сомневаат дека српското движење „Отпор“ има улога во антивладините демонстрации, кои беа одржани лани во Турција.
Полицијата уште во јуни минатата година, кога беа протестите, имале информации за странско присуство во протестите во Турција, објави весникот „Радикал“.
Полицијата смета дека при демонстрациите била користена методологија на Џин Шарп, но практично извршител било српското движење „Отпор“.
Тоа движење стои зад Фејсбук страничката OccupyTurkey, отворена во декември 2012 година како и зад хаштагот на Твитер DirenGeziParki.
Полицијата тврди дека и лидерот на „Отпор“, Иван Маровиќ обучил дел од лицата на протестите.
Српското движење „Отпор“ придонесе за симнувањето од власт на српскиот диктатор Слободан Милошевиќ во 2000 година. „Отпор“ беше расформирано и се преименува во „Канвас“, организација што дава консултантски услуги за идни револуционери.