Во Турција денеска е прогласен Ден на жалост за смртта на саудискиот крал Абдула.
Во соопштението на турската влада се наведува дека во знак на жалост националните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје во земјата, во признаената од Турција Република Северен Кипар и во турските дипломатски претставништва во странство.
– Во врска со смртта на неговото кралско височество Абдула изразуваме наша длабока жалост на братскиот народ на Саудиска Арабија и на целиот исламски свет, се наведува во соопштението на турската Влада.
Кралот Абдула почина вчера вечер во 01.00 часот по локално време, во болницата во Ријад, каде се наоѓаше на лекување десетина дена поради инфекција на белите дробови.