Турција: Прифатени обвиненијата против осум лица осомничени за убиство на студент за време протестите

Од:

Турски суд денеска ги прифати обвиненијата против осум лица, меѓу кои четворица полицајци, осомничени за убиството на 19-годишниот студент Али Исмаил Коркмаз за време на антивладините протести во јуни, јавија турските медиуми.

Обвинетите се соочуваат со максимална доживотна казна затвор, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Коркмаз беше тешко повреден за време на антивладините протести во јуни и почина 38 дена подоцна.

Петмина од обвинетите, меѓу кои и еден полицаец се во притвор.

Смртта на Али Исмаил Коркмаз предизвика серија протести низ цела Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ