Турција потрошила 220 милиони долари за сириските бегалци

Од:

Турција потрошила за сириските бегалци над 220 милиони долари од буџетот, изјави денеска министерот за финансии на Турција Мехмет Шимшек.

Според министерот сумата ќе биде уште поголема за 2012 година поради обезбедувањето неопходни кампови и потребите на над 100.000 бегалци. Финансирање имало не само од централната власт туку и од локалните власти.

Сириски бегалци има во 13 кампови и едно село од контејнери, како и времен центар за прием на бегалци. Бегалците се во шест јужни турски провинции, од кои четири граничат со Сирија. Од Сирија во Турција пристигнаа вкупно 143 илјади бегалци, но 43 илјади се вратија. Во меѓувреме, на границата има нови групи бегалци – околу 10.000. Поради тоа, Турција итно гради нови кампови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски