Турција незадоволна поради изјавата на папата за ерменскиот геноцид

Од:

Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека испратило протестно писмо до амбасадорот на Ватикан во Анкара поради изјавата на папата Франциско дека убиствата на Ерменците во Османлиската империја се „прв геноцид на 20. век“.

– Во текот на минатиот век, човечкиот род доживеа три огромни трагедии без преседан. Првата, која повеќето ја сметаат за „прв геноцид на 20. век“, го погоди ерменскиот народ, истакна папата, по повод одбележувањето на 100-годишнината од ерменскиот масакр во Османлиската империја, за време на мисата во катедралата „Свети Петар“, цитирајќи го соопштението од 2000 година, потпишано од папата Јован Павле Втори и ерменскиот патријарх.

Поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека другите два геноцида во минатиот век ги извршиле „нацистичкиот и сталинистичкиот режим“, додавајќи, исто така, дека „и во поновото време се забележани масакри, како оние во Камбоџа, Руанда, Бурунди и Босна“.

Голем број историчари го сметаат убиството на милиони ерменци во Османлиската империја како „прв геноцид на 20. век“, но официјална Анкара категорично ги отфрла ваквите обвинувања.

Ерменскиот геноцид е признат од 20-тина земји, меѓу кои Франција, Швајцарија, Русија, Канада, но и од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ