Турција ќе отвора џамија во секој државен универзитет

Од:

Дирекцијата за религиозни прашања при турската Влада денеска ја соопшти намерата да изгради џамија во кампусот на секој државен универзитет во земјата.

– Во процес на градење се џамии во повеќе од 80 универзитети. Петнаесет од нив се веќе отворени за верниците и ќе отвориме 50 други во текот на 2015 година, изјави Мехмет Гурмез, шеф на Дирекцијата за религиозни прашања.

– Има 20 милиони млади луѓе во нашата земја и ние сакаме да можеме да стигнеме до секој од нив, објасни Гурмез, цитиран од Анадолија.

Според него, имамите кои примаат плата од владата согласно законите во Турција, ќе бидат одговорни во скеоја џамија да понудат помош на младите кои се во тешка ситуацијата.

– Ние придаваме голема важност на џамиите во универзитетите. Тие се единствениот начин да се вратат џамиите во животот, градовите и срцата на нашите луѓе, потенцира Гурмез.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ