Турција ќе им дава државјанство на потомците на протераните Ерменци

Од:

Откако турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изрази сочуство за ерменските жртви во Отоманската Империја за време на случувањата во 1915 години, Турција сега подготвува и нов гест на добра волја кон Ерменците, објави приватната телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Според телевизијата, Анкара планира да им овозможи право за добивање турско државјанство на потомците на Ерменците протерани од Турција за време на Првата светска војна.

Идејата за доделување турски пасоши и лични карти на потомците на протераните или убиени Ерменци ја иницирало турското Министерство за надворешни работи уште во јануари годинава.

Телевизијата наведува дека во Министерството веќе почнале и подготовки за спроведување на оваа идеја.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ