Турската регулаторна агенција за телекомуникации ја отстрани од својата веб страница официјалната одредба со која се блокира пристапот кон „ЈуТјуб“, по минатонеделната одлука на Врховниот суд дека забраната воведена од премиерот Реџеп Тајип Ердоган претставува кршење на правата.
Сервисот за споделување видео записи ќе биде достапен во Турција денеска попладне, изјави неименуван претставник од канцеларијата на премиерот Ердоган.
Блокирањето на пристапот до ЈуТјуб и социјалната мрежа Твитер беше воведено по објавувањето на аудио снимки, на кои наводно се открива корупција на луѓе блиски до Ердоган.