Турција издаде укази за смена на над 2.000 припадници на безбедносните сили

Од:

 Турција денеска издаде два указа, во согласност со вонредната состојба во земјата, со кои смени над 2.000 припадници на полицијата и стотици припадници на армијата и на Советот за информациски технологии и информации (БTK – надзорен орган за турските телекомуникациски оператори), пренесоа британските медиуми.

Припадниците на безбедносните служби се сменети во врска со обидот за преврат од минатиот месец и се осомничени за врски со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого властите во Анкара го обвинуваат за организирање на пучот.

Указите се објавени во Службен весник. Тие во себе уште ја вклучуваат одлуката за затворање на Дирекцијата за телекомуникации (ТИБ) и префрлање на нејзините надлежности врз БТК, и второ, дека од сега претседателот на државата ќе го назначува шефот на вооружените сили.

Со претходните укази Турција веќе смени илјадници членови на силите за безбедност и нареди затворање на илјадници приватни училишта, фондации и други институции, осомничени за врски со Ѓулен.

Последниот бран смени вклучува 2.360 полициски службеници, над 100 воени лица и 196 службеници на БТК.

Паралелно со десетиците илјади веќе отстранети или сменети државни службеници, во масовните чистки по неуспешниот преврат се приведени над 35.000 лица, потсетуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ