Турција издаде налози за апсење на 47 новинари

Од:

Турските власти денеска издадоа налози за апсење на 47 новинари.

Апсењата се во рамки на истрагата против лица поврзани со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат, извршен од фракција во Армијата со цел да бидат соборени од власт претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот.

Новинарите работеле за весникот „Заман“.

Полицијата упаднала во домот на еден од осомничените, Шахин Алпај, околу шест часот и по претресот на неговиот дом во центарот на Истанбул, кој траел околу два и пол часа, го привела.
Инаку Ѓулен кој е некогашен пријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган, и кој подоцна му се спротивстави, го осуди воениот удар и демантираше каква било поврзаност со него.

По неуспешниот обид за преврат турските власти уапсија, почнаа судски процеси или отпуштија повеќе од 60 илјади војници.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он