Турција испрати уште шест тенкови во северна Сирија

Од:

Турција денеска испрати  уште шест тенкови во Сирија како засилување на силите на Анкара, кои работат на деминирање на градот, опколен од „Исламска држава”, пренесува БТА.

Турската армија во средата ја започна  операцијата „Еуфратски штит” во Сирија, за да ги потисне силите на ИД од сириско-турската граница и да престане напредувањето на курдските сили, кои Анкара смета за непријатели.

Турските медиуми објавија дека армијата испратила 50 тенкови и 380 војници на територијата на Сирија за операцијата која започна пред три дена.

Турските сили се поддржани од сириските бунтовници.

Анадолија соопшти дека бунтовниците започнале расчистување на градот од експлозивни направи, оставени од Исламска држава.

Турските власти соопштија дека нивната воена операција во северна Сирија ќе продолжи се додека борците на курдската милиција Сили за заштита на народот (СЗН) не се вратат на исток од реката Еуфрат.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ