За Турција е неприфатлива варијантата што целата одговорност за борбата против приливот на странски платеници во терористичката група Исламска држава (ИД) и се препишува на неа, изјави денеска Ибрахим Кален, портпарол на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Во рамки на борбата против ИД, Турција забрани влез на нејзина територија за 20.000 странци. Одговорноста за борбата против приклучувањето странски платеници кон ИД е на сите, истакна Кален.
Тој нагласи дека Анкара презема мерки за отпор кон ИД на своја територија, а исто така извршува и воздушни напади против џихадистичката група во Сирија.
– Продолжува, исто така, и создавањето слободна гранична зона од терористичките групи, имајќи ја предвид безбедносната зона во северниот дел на Сирија, додаде портпаролот на турскиот претседател.