Турција и официјално побара од САД да го уапси Ѓулен

Од:

Турското Министерство за правда официјално побара од САД да го уапсат Фетулах Ѓулен, кој од турските власти е обвинет за обид за преврат на 15 јули, јави Анадолија.

Според претставници на Министерството Анкара испратила до американското Министерство за правда писмено барање за времено притворање на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД од 1999 година.

Во барањето за апсење се тврди дека обидот за преврат од 15 јули бил извршен по наредба на Ѓулен и под негова команда.

– Освен за многуте криминални дела, извршени во нашата земја, по тоа лице се трага со барање за притворање како човек, под чија наредба беше извршен крвавиот обид за преврат на 15 јули 2016 година, се вели во текстот.

Кон него е додаден и налогот за запсење, издаден од Суд во Анкара во врска со истрагата, која за Ѓулен ја води анкарското Обвинителство.

Барањето за апсење се упатува врз основа на билатералната спогодба меѓу Турција и САД за екстрадиција и казнени постапки за криминалци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ