Турција годинава протерала над 700 осомничени џихадисти, фатени на пат за Сирија

Од:

Турција во текот на 2015 година фатила и протерала над 700 странски осомничени борци терористи, кои се обиделе илегално да влезат во Сирија од турска територија, изјави денеска на прес конференција во турската амбасада во Париз, Џемалетин Хашими, директор на прес-службата на турскиот премиер.

Како што пренесуваат француските медиуми, од почетокот на конфликтот во Сирија над 1.600 осомничени џихадисти биле фатени од турските власти при обид да навлезат во Сирија, пренесува БТА.

Во 2014 година од Турција биле протерани 520 претпоставени џихадисти.

– На списокот на странски борци терористи, кои им се познати на турските власти, а на кои им е забрането да влезат во Турција, ги има имињата на 16.000 лица од 108 националности, додаде Хашими.

Од почетокот на годината во земјата се приведени над 600 лица поради нивните врски со групата Исламска држава и над сто се затворени поради нивното приклучување кон ИД, додаде тој.

Турските власти во неколку градови во јужниот и централниот дел на земјата рано утринава уапсија десетина претпоставени џихадисти од ИД, информира агенцијата Анадолија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ