Турција го гради најголемиот аеродром во светот

Од:

Во Истанбул вчера беше поставен камен-темелникот за изградба на третиот истанбулски аеродром, чија изградба ќе чини 10,25 милијарди евра, а кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, јави турската агенција Анадолија.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган соопшти дека третиот аеродром во Истанбул ќе биде изграден на простор од 76,5 милиони метри квадратни.

– На тој простор ќе се наоѓа затворен простор од речиси 1,4 милиони метри квадратни. Според овие пропорции, ова ќе биде најголемиот аеродром во светот. Ќе се состои од шест писти, со капацитет за 500 авиони. Со 150 милиони патници годишно ќе биде најпрометниот аеродром во светот, најави Ердоган.

erdo-airport

Тој уште рече дека за време на изградбата на авионот на градилиштата ќе бидат ангажирани речиси 100.000 работници.

– Овде градиме не само аеродром, туку еден голем град. За време на градењето, овде работа ќе можат да најдат повеќе од 80.000 работници. Откако ќе биде изграден, на аеродромот годишно ќе бидат вработени близу 120.000 работници. Аеродромот ќе биде изграден да биде енергетски ефикасен, прецизираше турскиот премиер.

Првата етапа од изградбата ќе биде завршена до октомври 2017 година.

airport-istanbul-g

Тендерот за изградба на овој колосален аеродром ја доби турскиот конзорциум Лимак-Колин-Ченгиз-Мапа-Калјон, а изградбата ќе биде спроведена по моделот изгради-управувај-предај на државата.

Групата даде најголема понуда од 22,15 милијарди евра без ДДВ, и по изградбата со аеродромот ќе управува 25 години по што ќе мине во сопственост на државата.

За изградбата ќе бидат потрошени 350.000 тони челик и околу 10.000 тони алуминиум.

airport-istanbul-g1

Новиот аеродром ќе има вкупно 165 патнички мостови, шински сообраќај до терминалот, четири терминал-згради, три технички блока за контрола на сообраќај, осум контролни кули, шест писти за сите видови авиони, апрон зона на 6,5 милиони метри квадратни. свечен салон, карго терминал, државна резиденција и паркинг со капацитет од 70.000 возила. Исто така, на аеродромот ќе се наоѓа и здравствен центар, хотели, противпожарна станица, верски објекти, конгресен центар и многу други објекти и услуги.

Изградбата на аеродромот во целост треба да биде завршена до крајот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ