Турција демантира дека Хамас планира напад од Истанбул

Од:

Турција денеска го негираше тврдењата на Израел дека палестинското радикално движење Хамас планира терористички напад во Еуросалим од неговиот штаб во Истанбул.

Ваквите обинувања вчера ги изрече израелската безбедносна служба Шин Бет, што доведе до нови диломатски тензии меѓу двете земји.

Турски извори, на кои се повикуваат израелските медиуми, изјавиле дека обвинувањата се смислени со цел да се „демонизира Турција“ и дека тие негативно влијаат на напорите за подобрување на односите меѓу двете земји.

Израел побара НАТО и САД да преземат мерки против Турција поради активностите на Хамас на нејзина територија.

– Нелогично е земја-членка на НАТО да биде домаќин на терористичка организација и да дозволува обука и планирање терористички напади на нејзиното тло, се наведува во соопштението на Израел.

Неименувани турски дипломати изјавија дека Анкара е лути поради таквите обвинувања на Израел, означувајќи ги како „лаги и измами“.

– Тоа никогаш не се случило, постојат елементи во Израел кои се обидуваат да ги поткопаат обидите за подобрување на однсите меѓу двете земји и за вртење нова страница. Тие зборуваат лаги дека Хамас оперира во Турција со знење на Владата. Турција има дијалог со Хамас, но апсолутно нема да дозволи ниту една терористичка организација да врши воени операции на нејзина територија, изјави турски дипломат.

Израелскиот министер за стратешки работи Јувал Штаниц во четврток изјави дека Израел очекува САД и НАТО да извршат притисок врз Турција, веднаш да ја растури инфраструтктурата на Хамас во земјата и да престане да седи со врзани очи, како да не го забележува нејзиното присуство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ