Турција даде рок од 72 часа за веб страните на Дојче веле, Гласот на Америка Еуроњуз да извадат работни дозволи

Од:

Три меѓународни медиуми имаат 72 часа да добијат работна дозвола или Врховниот совет за радио и телевизија на Турција (РТУК) ќе го блокира пристапот до нивните платформи, соопшти денеска член на РТУК, јави германската агенција ДПА.

Илхан Ташчи, еден од деветте членови на комисијата на РТУК кои гласаа против, го критикуваше потегот на телото да бара лиценци од веб-страниците на германската телевизија Дојче веле, Гласот на Америка и Еуроњуз, опишувајќи го како нов напад врз слободата на медиумите во Турција.

„Со мнозинство гласови беше донесена одлука на веб-страниците amerikaninsesi.com, dw.com/tr и tr.euronews.com да им се дадат 72 часа да добијат лиценци“, напиша Таши на Твитер.

Портпаролот на Дојче веле рече дека се уште не може да го коментира случајот бидејќи сè уште не добиле официјално известување од РТУК.

Турција го зголеми медиумскиот надзор во последниве години, откако ја овласти РТУК да врши контрола врз целата онлајн содржина и со право да ја отстрани. Околу 90 отсто од главните турски медиуми денес се во сопственост на државата или луѓе блиски до владата.

Ташчи, исто така опозициски пратеник, рече дека слободата на медиумите е вистинска цел на РТУК.

„По националните медиуми, дојде на ред надзор и замолчување на меѓународните портали за вести“, предупреди тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски