Турција: 19 повредени во експлозија во градот Ван

Од:

Силна експлозија го потресе денеска градот Ван во југоисточна Турција.

Во експлозијата на автомобил-бомба, чија цел била окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), повредени се 19 лица, јави приватната турска телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

– Нема убиени, изјави пратеникот од владејачката партија Бурхан Кајатурк во живо за Си-Ен-Ен-Турк.

Тој прецизира дека зградата на партијата била добро обезбедувана и не претрпела големи штети.

Нападот е извршен во првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам, забележува телевизија. Експлозијата се случи околу 11 часот,  во област каде освен окружната централа на АКП се наоѓа и зградата на локалната Окружна управа.

На местото на експлозијата се испратени голем број амбулантни и полициски, како и противпожарни екипи.

Курдските бунтовници се одговорни за нападот со автомобил бомба, извршен денеска во округот Ван, југоисточна Турција, соопштија безбедносни извори, пренесува БТА.

Според податоците од локалниот окружен управител, 19 лица се повредени во експлозијата. Двајца од повредените се полицајци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ