Три лица беа убиени денеска во меѓусебна вооружена пресметка пред судот во албанскиот град Лач, на 34 километри северно од Тирана.
Како што јави дописникот на МИА, браќата Лек и Пал Сизиу се конфронтирале околу имотен спор со Арбен Клоси, при што кавгата кулминирала со вооружена претсрелка меѓу нив. Педесетгодишниот Лек Сизиу починал на самото место на иницдентот, додека неговиот брат Пал бил итно префрлен во Воената болница во Тирана, каде набрзо починал од здобиените рани. Неколку часа по престрелката, во болницата во Лач починал и Клоси.
Полицијата притворила едно лице, за кое се сомнева дека учествувало во престрелката.
Во Албанија во просек во последните години годишно се регистрираат по најмалку 100 убиства, при што нивниот број бележи постојан раст. Главни причини за убситвата најчесто се крвна одмазада, семејни несогласувања или нерешени имотно-правни односи.