Тројца турски војници загинаа во престрелка кај границата со Сирија

Од:

Тројца турски војници загинаа во престрелка кај градот Кејланпинар, на границата меѓу Турција и Сирија, јавија медиумите во Анкара.

Засега не се знае кои се напаѓачите, ниту дали истрелите од кои се убиени војниците биле испукани од сириската страна на границата.

– Покренавме темелна истрага за да утврдиме од која страна е пукано и кој е одговорен за тоа. Се обидуваме да утврдиме дали истрелите потекнуваат од другата страна на границата, од Сирија, изјави за весникот „Хуриет“ висок претставник на локалните власти.

Кејланпинар е сосема блиску до сирискиот град Рас Ал Аин. Во овој дел од границата, двете соседни земји се разделени со ограда од бодликав тел.

Целиот тој регион е главно населен со Курди, но џихадистите од исламистичката група Исламска држава (ИД) се уште контролираат поголем дел од сириската граница со Турција.

Веднаш по инцидентот кај Кејланпинар, турските власти максимално ги засилија мерките за безбедност.

Триесет години траат судирите меѓу турската армија и припадниците на военото крило на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) која бара целосна автономија за припадниците на курдското население.

Во октомври годинава, властите во Анкара дозволија 150 припадници на силите на ирачките Курди, Пешмерга, преминат преку турската територија од Ирак во Сирија, за да им помогнат на курдските во градот Кобане, кои војуваат против џихадистите од ИД.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ