ројца вооружени терористи денеска биле неутрализирани при турски воздушни удари во реонот на Зап и Хакурк во северниот дел на Ирак, јави турската телевизија „НТВ“, повикувајќи се на соопштение од турската војска.
Во текот на последните неколку месеци Турција спроведува операции врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак.
Во петокот турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли изјави во Брисел дека од почетокот на 2018 година турските безбедносни сили при операциите во северниот дел на Ирак неутрализирале над 500 терористи од ПКК.