Тројца американски маринци нападнати од турски нео-националисти во Истанбул

Од:

Тројца американски маринци од воениот брод „Рос“ се нападнати и изложени на понижување, за време на нивната прошетка низ Истанбул.

Маринците биле удирани со клоци и со тупаници по главата, нo ниту еден од нив не е тешко повреден. Сите тројца сами и без ничија придружба се вратиле на бродот и не побарале лекарска помош.

Напаѓачите се припадници на турските нео-националисти од турската Унија на млади, како што официјално се нарекува оваа организација.

За нападот е направена и видео снимка, а во соопштението на Унијата издадено на нејзината интернет странца се вели дека маринците се нападнати во знак на протест против „американскиот империјализам“ на Блискиот Исток и во другите делови од светот.

За време на нападот тие извикувале пароли во кои се повикувало на борба против „империјализмот и насилството“ врз државите изложени на притисок, но во извешатите на турските медиуми за инцидентот се вели дека нема знаци на поврзаност на напаѓачите со џихадистие од Исламска држава.

Нео-националистите носеле само турски знамиња и слика на Кемал Ататурк, основачот на нова и секуларна Турција, но извикувале пароли како „Јенки одете си дома“.

Командантот на бродот ГрегХикс, како и американската команда во Европа отворија истрага за инцидентот со морнарите во Истанбул.

– Овој случај нема да влијае врз гостопримстото и приемот кон американските бродови во турските пристаништа, изјави командантот Хикс. По инцидентот тој сепак ги забрани сите излегувања на морнарите.

Ова не е првпат припадниците на турската Унија на млади, да ги напаѓаат и навредуваат војниците или маринците од земјите сојузнички на Турција во НАТО.

Турското Министерство за надворешни работи го осуди нападот на американските морнари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ