Во последните 24 часа три лица починаа од поплавите во североисточна Романија, предизвикани од поројните дождови, соопшти агенцијата Аџерпрес.
Шеесет и петгодишен маж од селото Бохотин, општина Радуканени, почина синоќа откако бил однесен од надојдената река, додека преминувал мал мост, соопшти Инспекторатот за вонредни ситуации во округот Јаш.
Во вторникот вечерта, 80-годишен маж и неговиот тригодишен внук беа однесени од надојдените води на вратата од нивното газдинство. Трупот на возрасниот маж беше најден брзо, а тој на детето дури следниот ден во градина на соселанец, на околу километар од нивниот дом.
Во округот Јаш, во североисточна Романија, и денеска продолжува да врне, а количеството паднат дожд надминува 40 литри на квадратен метар. Дождот на многу места е придружен и со град. Во градот Јаш има проблеми со напојувањето со електрична енергија.
Девет округа се засегнати од поплавите, а 20 населени места во округот Галац се под вода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи за Аџерпрес.
Окрузите Алба, Арџеш, Бакау, Бихор, Дамбовица, Галац, Јаш, Салаж и Вранча се зафатени од поројните врнежи.
Во округиот Дамбовица има едно населено място без струја. На многу места поројните дождови ги зафатиле изворите за вода за пиење и властите интервенираат со моторни пумпи за да извадат вода од кладенците.