Трговијата со органи пред судот на Обединетите нации

Од:

Обвинителот за воени злосторстава, Владимир Вукчевиќ изјави дека процесот за трговија со органи на луѓе, на северот на Албанија, кој го води истражен тим на Европската унија, на чело со американскиот обвинител Клинтон Вилијамсон, би можел да се води пред меѓународниот трибунал под ингеренција на Обединетите нации.

-На неодамна одржаниот состанок со Вилијамсон во Брисел, тој ја прифати мојата идеја судењето да биде надвор од територијата на Косово, пред меѓународниот трибунал под ингеренција на Обединетите нации – изјави Вукчевиќ.

Наведувајќи дека тој состанок бил најсодржаен до сега, српскиот обвинител за воени злосторства напомена дека ќе биде задоволен доколку се подигне оптужба против одредени лица вмешани во трговијата.

Вукчевиќ исто така наведе дека договорил состанок и со обвинителот Еулекс од Канада, Џонатан Рател, кој работи на случајот „Медикус“, бидејќи постојат додирни точки со истрагата за трговија на органи во девеесетите години на северот на Албанија и Косово и Метохија, која ја води и српското Обвинителство за воени злосторства.

Кога е збор за соработка со Русија, која исто така истражува за трговијата со органи, Вукчевиќ укажа дека Обвинителството за воени злосторства од Србија се појавува како посредник во постапките помеѓу Еулекс и Русија, бидејќи таа не го признава Косово.

-Ние имаме многу добра соработка со Русија. Но, постои проблем со Косово бидејќи таа не го признава и не сака да го даде својот истражен материјал на Рател, бидејќи Еулекс е на Косово. Ние тука се појавуваме како партнери и русите се согласија да ни дадат одредени извештаи кои Рател ги побара – објасни Вукчевиќ.

Докторот, Јусуф Сомнез, од Турција неодамна успеја да побегне од Јужноафриканската република, поради тоа што таа не го признава Косово, а со тоа ниту Еулексовиот правен систем.

-Косово побара ЈАР да му го предаде Соменз, но бидејќи африканската држава не го признава Косово, таа одби. Ние се обидовме да реагираме, Република Србија да побара предавање на Соменз, но беше предоцна – изјави Вукчевиќ.

Би можело да ве интересира

Државен стан за семејството на Верица Белчовска, девојката чии органи спасија три животи

Жарко Настоски

Белчовски: Ги дониравме органите за да спасиме животи, а така ќе живее и нашата сестра

Предраг Петровиќ

Семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да се даруваат неговите органи

Жарко Настоски

„Коха диторе“: Нема докази за трговијата со органи

Емир Латифовиќ

Косово ја снабдува Германија со органи?

Емир Латифовиќ