На третиот состанок на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, и шесте премиери од Западен Балкан, в понеделник ќе разговараат за актуелните настани во регионот и за изгледите за 2018 година, кога на европските партнери во регионот ќе им биде понудена единствена можност да напредуваат на патот на интеграција во Унијата, соопшти денеска ЕУ.
Во соопштение се вели дека високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, ги повикува премиерите на партнерските земји од Западен Балкан на неформален состанок во Брисел в понеделникот, на 18-ти декември.