Три лица загинаа синоќа во Теочак (БиХ), како последица од труење со јаглерод моноксид, неофицијално јавува „Дневни аваз“. Истражителите се сомневаат дека семејството користело генератор на нафта за производство на струја.
„Во Теочак се одвивала голема драма, а според неофицијални информации загинале три лица. Од полицијата за „Аваз“ велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека се уште немаат потврда за оваа информација“, пренесува овој портал.
Семејството кое го користело генераторот во отсуство на струја, неофицијално, починало од труење со јаглерод моноксид.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите ги пронашле денеска.