Тони Блер ќе ја советува албанската Влада

Од:

Новиот премиер на Албанија, социјалистот Еди Рама, објави дека поранешниот британски премиер Тони Блер ќе биде советник на Владата за прашањата поврзани со ЕУ интеграциите.

– Блер ќе биде ангажиран лично, целосно и доброволно во советувањето на Владата и ќе помогне со своето исклучително искуство и политичката генијалност, наведе Рама.

Блер истакна дека е „голем предизвик за Владите да ги реализираат плановите“. Рама, кој од минатиот месец е премиер на Албанија, вети дека неговата Влада ќе создаде 300.000 работни места и ќе ја намали сиромаштијата. Најновите истражувања покажуваат дека еден од седумте Албанци живеат со помалку од два долари дневно.

Албанија е една од најсиромашните земји во Европа со просечна месечна плата од 265 евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство