Тирана: Закана за колективно самозапалување

Од:

Поранешните политички затвореници, кои веќе 27-ми ден штрајкуваат со глад, се заканија деке ќе извршат колективно самозапалување пред Парламентот во Тирана.

Заканата следува по одлуката на судот во Тирана за растурање на штрајкувачите, што е донесена по поднесената кривична пријава од страна на полицијата, која штрајкот го смета за нелегален.

„Одлуката на Судот е погрешна. Во една држава каде што не функционира законот демократијата е мртва. Во оваа земја не постојат независни институции. Штрајкот нема да го прекинеме“, изјавил Фатмир Ламај.

Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Еторе Секуи, упати апел до Владата да ги запре екстремните мерки и повика да почне дијалог со штрајкувачите. Апел за итен дијалог до Владата и исплата на обештетувањето упати и Амнести интернешенел.

 

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици