Во центарот на Тирана, денеска на свечен начин, беа поставени темелите на Големата џамија за која се очекува да биде еден од најголемите верски објекти во Европа.
Во обраќањето на големот број присутни премиерот Сали Бериша овој настан го оцени како историски.
– За Тирана и за Албанија 20 април, денот на раѓањето на Мухамет претставува голем и значаен ден зашто на овој ден ние ја почнуваме изградбата на најголемата џамија во главниот град и целата земја. Ова е голем настан зашто денес се одделуваме од предрасудите, кои дваесет години ја попречуваа изградбата на оваа џамија, изјави Бериша.
Одлука за изградба на џамијата во средината на септември лани донесе Претседателството на албанската муслиманска заедница, нарекувајќи ја истата историска.
Засега нема информации колку ќе чини нејзината изградба и кој ќе го финансира тоа.