Тимерманс: Романија е на вистинскиот пат, но борбата со корупцијата останува најголем предизвик

Од:

Романија е на вистинскиот пат и треба да остане на него. Борбата со корупцијата останува најголемиот предизвик и главен приоритет. Го поздравуваме постигнатиот напредок во текот на изминатата година, што треба да биде потврден во 2015 година, изјави денеска во Брисел првиот заменик претседател на Европската комисија, Франс Тимерманс, при претставувањето на извештаите за Бугарија и Романија според Механизмот за соработка и проверка, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Извештајот го посочува напредокот на Романија и прецизира дека треба да се почитува консензусот во однос на реформите во земјата.

Тимерманс додаде дека со продолжување на примената на Механизмот за соработка и проверка Комисијата ќе ја заддржи својата поддршка кон напорите на Романија да постигне резултати во однос на транспарентност во назначувањата на раководни функции во судскиот систем, финализирање на законодавните иницијативи и системската борба со корупцијата.

Извештајот го фали напредокот постигнат од Романија, но го критикува Парламентот, обвинувајќи го дека го кочи правосудството заради одбивањето да им го одземе имунитетот на некои политичари, кои
имаат проблеми со законот, забележува БТА.

„Одлуките на Парламентот да им дозволи или не на органите за кривичниот прогон да ги третираат парламентарците како сите останати граѓани изгледаат дека и натаму се лишени од објективни критериуми и јасен календар“, се посочува во документот.

Омбудсманот, исто така, е критикуван во извештајот затоа што не оспорил пред Уставниот суд некои вонредни постапки на Владата.

Европските претставници позитивно го оценуваат работењето на Националната дирекција за борба со корупцијата, Националната агенција за транспарентност, Врховниот Касациски суд и Вишиот совет на магистратура, забележа сајтот Зиаре, повикувајќи се на извештајот

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година