Тигар побегна денеска од кафез во Зоолошката градина во Софија, но по куса „прошетка“ беше фатен и затворен во друга просторија.
Тигарот Мари по бегството залутал во дел од Зоолошката градина наменет за други животни, соопшти информативната служба на градот Софија.
Зоолошката градина по бегството на тигарот е затвоена за посетители. Не е утврдено како побегнал тигарот.
Тоа е втор случај на бегство на опасно животно од кафез во бугарски зоолошки градини. Во август од Зоолошката градина во Ловеч побегна јагуар откако вработени заборавиле да затворат врата на неговиот кафез. Јагуарот Алонсо по потерата беше убиен.
Извор: Здравство 24