„Тешка“ недела за Самарас

Од:

 

Тешка и напорна недела за  грчкиот премиер Андонис Самарас е уште една тешка недела во која. Ќе треба добро да се помачи за да ги убеди  лидерите од еврозоната, со кои ќе има средба,  дека Грција ќе ги исполни обврските од договорот за помош од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Самарас на 22 јуни прво ќе се сретне со шефот на еврозоната Жан Клод Јункер, а потоа на 24 и 25 август ќе отпатува во Берлин па во Париз, каде ќе има состаноци со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд.

Самарас ќе побара  мерките за штедење кои треба да се имплементираат за 2013 и 2014 година да се продолжат до 2016 година.

Официјален Берлин инсистира Атина да ги исполни обврските, но е отворен за разговор.

„Та Неа“, повикувајќи се на владини извори, пишува дека Самарас „сака на политичко ниво да разговара за прашањето за продолжување на периодот за фискално прилагодување, но нема да упати официјално барање“.

„Катимерини“,пишува дека Самарас официјално ќе бара продолжување на рокот на самитот на лидерите на ЕУ закажан за 8 и 9 октомври, кој ќе се одржи откако тројката ќе го поднесе извештајот пред министрите за финансии на еврозната кои ќе одлучат дали и понатаму финансиски да ја помагаат Атина.

Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос во недела ќе отпатува за Берлин каде ќе се сретне со шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле. Оваа посета на Аврамопулос е вовед и најава за средбите на Самарас, но познавачите на приликите ја нарекуваат и „извидница“.

Самарас веќе ја подготвува јавноста за уште повеќе штедење.

И опозициската  Сириза се јави со соопштение по повод последните случувања на економски план, откако многумина аналитичари констатираа дека опозицијата не е доволно активна.

„Продолжувањето на истите политики од меморандумот, кои се фокусираат на намалување на платите, пензиите, социјалните трошоци и продажба на јавните добра, докажува дека Самарас им е целосно потчинет на кредиторите на Грција“, се вели во соопштението на Сириза.

Во меѓувреме, портпаролот на парламентарната група на Сириза Панајотис Лафазанис даде изјава за банкрот која ја вознемири Нова демократија.

„ Банкротот, генерално, и не велам дека е одговор на грчкиот проблем, не е нешто што мора да биде катастрофално. Банкротот е оружје на слабите кога стигнуваат до точка кога не можат да си ги платат долговите. Погледнете што се случува секој ден во нашата економија и општество. Така што не треба да правиме баук од тоа, изјави Лафазанис за радиото „Алфа“.

 

Нова Демократија оваа изјава ја нарече „срамна“ и го обвини Лафазанис дека „и посакува на земјата да банкротира“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната