Жена изврши самоубиствен бомбашки напад во полициска станица во Истанбул, а од експлозијата загинал еден полицаец, соопштија турските медиуми
Нападот се случил во еден од историските делови на градот, квартот Султанахмед, кого го посетуваат илјадници туристи. Според официјалните информации, жената, зборувајќи на англиски, влегла во полициската станица за да пријави дека го загубила паричникот. Но во 5.20 часот по локално време (4.20 по македонско), се слушнала силна експлозија.
Полицијата го затвори овој дел од градот. Засега не е познат ниту идентитетот на напаѓачката, ниту мотивот за самоубиствениот напад.