Теодоракис: Го следиме националниот, а не партискиот компас и затоа го поддржавме договорот

Од:

Парламентот денеска донесе одлука што им служи на интересите на Грците и ја зајакнува безбедноста во регионот, рече лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис по ратификацијата на Договорот од Преспа.

Теодоракис, заедно со двајца негови сопартијци, кои поради распаднатата пратеничка група на Река станаа независни пратеници гласаа „за“ ратификацијата на Договорот од Преспа.

-Река, имајќи го како водич националниот, а не политичкиот компас го поддржа Договорот од Преспа кој ја крши монополизацијата на „Македонија“ од соседната земја. Грчката Македонија нема од што да се плаши. Напротив, во наши раце е да остане примарна сила во економијата, производството, во културата. Нашето геополитички чувствително соседство има потреба од доверба и соработка. Континуирано да ги зајакнуваме оние работи што не обединуваат, а не оние кои не разделуваат. Ова беше и ќе остане голем залог на Балканот. Треба да го добиеме, рече Теодоракис.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина