Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац

Од:

Таткото Драган Стевиќ (66) и ќерката Катарина (25) загинаа во пожар во стан во Лазаревац.

Нивните тела ги пронашле пожарникари без знаци на живот.

Брзата реакција на пожарникарите спречи пожарот да се прошири и на другите станови.

За случајот е известено и обвинителството кое нареди обдукција на телото.

Телата на таткото и ќерката се пронајдени до влезната врата. Истражителите се сомневаат дека се обиделе да се спасат. Првичните детали од истрагата укажуваат дека пожарот бил предизвикан од греалка.

Сопругата на Драган починала, според соседите, минатата година, а имале четири деца.

Драган покрај трите ќерки има и син кој се наоѓа во Специјалната затворска болница во Белград.

Немало помош за таткото и ќерката. По извршената истрага нивните тела се испратени на обдукција.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје