Турскиот министер за енергетика, Танер Јилдиз изјави дека сака да умре како маченик, во момент кога земјата веќе еден месец е арена на секојдневни судири меѓу курдските бунтовници и војската.
Ваквата изјава на турскиот министер предизвика потсмев на социјалните мрежи.
– Ако сака Господ, јас би сакал да умрам како маченик за мојата религија, нација и земја, истакна вчера Јилдиз на прес-конференција.
Подоцна министерот, кој е познат како голем муслимански верник, објаснил дека станува збор за желба која треба да се разбере единствено во филозофска смисла.
„Танер Јилдиз си оди дома придружуван од 750 телохранители и потоа тој се надева да биде маченик“, „Што те спречува?“, се само некои од ироничните коментари на Твитер.