Тахири: Договорот за интегрирано управување со премините главно добро се спроведува

Од:

Договорот за интегрирано управување со премините (ИБМ) меѓу Косово и Србија главно се спроведува добро, соопшти денеска Кабинетот на косовската вице-премиерка Едита Тахири.

Таа смета дека постои коректна соработка во спроведувањето на договорот за ИБМ, но истовремено истакнува дека постојат пречки од политичка, но и од техничка природа.

Тахири додава дека „расформирањето на илегалните српски структури“ и доцнењето во спроведувањето на договорот за ИБМ од српска страна го оневозможуваат целосното имплементирање на договорот.

Косовската вице-премиерка нагласи дека постојат проблеми и во комплетирањето на инфраструктурата на премините „Јарње“ и „Бела земја“, од српска страна, тврдејќи дека косовската страна ги исполнила сите обврски во остварувањето на договорот кон утврдената динамика.

– Тахири го отвори и прашањето за транспорт на полициските и царинските претставници, барајќи од ЕУ да изврши притисок и оваа точка од договорот веднаш да се спроведе, како што е предвидено со договорот за ИБМ, царината и слободата на движење, се додава во соопштението.

На вчерашниот состанок во Брисел е потврдено дека на 28 февруари ќе започне примена на договорот и на уште два премина меѓу Косово и Србија – „Мутивода“ и „Мучибаба“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски