Тачи: Во Косово никогаш не може да има Република Српска, ни автономија ни специјален статус

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи, на вонредна прес конференција, на која пред новинарите го прочитал говорот подготвен за пратениците во парламентот на Косово, изјави дека на граѓаните на Косово треба да им биде јасно и да бидат сигурни дека дијалогот кој се води со Србија нема да донесе никави последици за земјата, jaви дописникот на МИА.

– Имаше игнорантски гласини кои споменуваат Република Српска, специјален статус или автономија за северот. Јас ви гарантирам дека ваквите проекти се само во главите на следбениците на Слободан Милошевиќ. Таквите проекти никогаш нема да се имплементираат. Никогаш во Косово нема да има Република Српска, никогаш нема да има автономија, никогаш нема да иам специјаен статус, изјави Тачи.

Во истовреме, Тачи, нагласи дека асоциацијата на српски општини нема да има компентенции на извршна власт. – Тоа нема да се случи никогаш, категорично изјави Тачи. Тој го образложил досегашниот тек на дијалогот со Србија, споменувајќи ги постигнатите договори и придобивките за Косово од дијалогот.

– Ако Рамбуе донесе слобода за Косово, ако преговорите во Виена донесоа независност, дијалогот во Брисел конечно ќе ја нормализира нашата држава Република Косово, рече Тачи.

Тој го обвини движењето „Саоопределување“ за создавање, како што рече магла.

– Целта им беше да оневозможат граѓаните на Косово да ја чујат вистината за дијалогот со Србија и да создадат магла. Транспарентноста и вистината никој не може да ги запре. Ние ќе ја кажеме вистината бидејќи не прикриваме ништо. Ние го почитуваме Уставот на Република Косово и планот на Ахтисари, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина