Тачи: Србија нема право за решавање на прашањето на Косово

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи при посетата на Хрватска, во Загреб на средбата со колегата Зоран Милановиќ ја истакна потребата од интензивирање на економската соработка со Хрватска.

„Односите меѓу двете земји се одлични. Му се заблагодаруваме на хрватскиот народ и држава, кои меѓу првите го признаа Косово. Сега сме на пат кон зачленувањето во НАТО и во ЕУ. Ние сме млада држава и ги посакуваме хрватските инвестиции“, истакна Тачи, кој е во еднодневна посета на Загреб.

На прес-конференцијата, одржана по средбата со Милановиќ, во врска со утрешната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел, Тачи изјави дека нема да се разговара за статусот на Косово.

На новинарскко прашање дали е подготвен со Дачиќ да разговара околу српската Платформа за Косово, Тачи изјави дека Србија нема ниту морално, ниту политичко ниту пак законско право, да учествува во решавањето на прашањето за Косово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија