Тачи: Србија да ја прифати реалноста

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјави дека косовската делегација била подготвена да прифати договор со српската страна уште во петата рудна од дијалогот, одржана на 4-ти март во Брисел и истакна дека се надева дека Србија ќе ја прифати реалноста и само самото тоа и договорот.

На конференција за новинари, Тачи изјави дека постои полна согласност со ставовите на Косово и Европската унија.

-Српската страна како што знаете побара дополнително време за консултации. Постигнување договор не е само за добробит на Косово, во корист на една заедница, туку за добробит на евро интеграциите за целиот регион. Но процесот не е прогласен за неуспешен. Се надевам дека Србија ќе ја прифати реалноста, а со самото тоа и договорот – изјави косовскиот премиер.

Тачи нагласи дека е свесен дека нема лесни решенија за никого.

-Секој од нас, како во Приштина така и во Белград треба да гледа кон иднината, да не останеме заложници на минатото и да надвладаат разумот и смелоста за одлуката и постигнувањето договор – изјави тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски