Тачи со шефот на норвешката дипломатија

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи побара од Норвешка политичка и техничка поддршка за да Косово побргу ги исполни условите за влез во програмата на НАТО.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на Тачи се сретнал со шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.

Тачи во текот на средбата и се заблагодари на Норвешка за постојаната помош во развојните процеси на Косово и посебен акцент стави за поддршката за развој на правосудскиот и образовен систем, но и за зашититата на културното наследство.

Имајќи во предвид дека Норвешка е меѓу државите основачи на НАТО, премиерот побара политичка поддршка и техничка помош за остварување на стандардот за да Косово стане дел од Партнерството за мир – стои во соопштението.

Еиде го поздрави напредокот на Косово и понуди поддршка на својата земја за зајакнување и консолидација на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски