Тачи смета дека само мултиетничко Косово е гаранција за неговата европска иднина

Од:

„Косово е на сите негови граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Ние сме држава за да ги промовираме правата на немнозинските заедници. Посакувам Косово во кое сите ќе се чувствуваат рамноправни и ќе живеат достоинствено. Само мултиетничко Косово може да биде гаранција за неговата европска иднина“, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи на средбата со Консултативниот совет на заедниците на Косово, на која разговараше со претставниците на малцинските заедници.

Претседателот на Советот, Газменд Салијевиќ, изјави дека оваа институција има значајни механизми кои нудат можности заедниците да најдат решение за проблемите со кои се соочуваат. Тој сепак се пожали дека до сега немале поддршка и разбирање од некои министри и нагласи дека согласно Уставот и со заеднички сили ќе го градат Косово.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски